Втора година по ред летна школа „Гостивар 2023“

,

 

Општина Гостивар втора година по ред ја организира Летната школа „Гостивар 2023“.

Настанот има за цел да ги ангажира децата на возраст од 7-14 години со различни активности во текот на летната сезона со инструктори од различни професии.

Летната школа започнува на 1 јули и завршува на 30 јули, а пријавувањето за учество во оваа школа се врши преку соодветните училишта.

Инаку, покрај ангажирањето на децата за време на летниот распуст, Летната школа има за цел да ги открие младите таленти од градот во различни области.