Градоначалникот Арбен Таравари му го додели клучот на градот на министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска му го додели „Клучот на градот“ на министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај.

„Посебно задоволство и чест е што како градоначалник му го врачувам „Клучот на градот“ на министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај. Оваа награда се доделува на луѓе на кои им верувате и имаат влијание врз општеството, додека биографијата на министерот Мехај е импресивна, докажан професионалец, и затоа со гордост денеска му ја доделувам оваа награда“, изјави претседавачот Арбен Таравари.

Министерот Арменд Мехај му се заблагодари на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравар за поканата и гостопримството, нагласувајќи дека „Клучот на градот“ го обврзува секогаш во срцето да ги има Гостивар и жителите на Гостивар.

„Му благодарам на градоначалникот на општина Гоствар, Арбен Таравари за пречекот и честа што ми ја укажа. Тоа ме тера секогаш да го имам Гостивар и неговите жители во мојот ум и срце“, рече министерот Мехај.