Се одржа следната седница на Советот за развој на Полошкиot планскиот регион

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својство на претседавач на Советот за развој на планскиот регион Полошки денеска ја одржа следната седница со градоначалниците и претставниците на општините од полошкиот регион на која се разговараше за заедничките проекти.

На состанокот беше одобрено формирање на „ICARE“, и се разговараше за проектите на ЦРППР и многу други прашања поврзани со развојот на полошкиот регион, како што се создавањето на регионалната платформа Географски информациски систем, изготвување на документација за пробивање и изградбата на алтернативниот пат од магистралата Гостивар-Кичево до депонијата Русино, државни урбанистички планови за Русино, изработка на идејниот план за раскрсницата од регионалниот пат од Вртуток до крстосницата Маврови Анови и други проекти кои влијаат на полошкиот регион.

Инаку, Центарот за развој на планскиот регион Полошки е правно лице основано од сите единици на локалната самоуправа кои се составен дел на планскиот регион на Полошкиот регион.