Заврши Летната школа 2023 во Гостивар

,

По четири недели работа, посветеност, учење, активност и забава, денеска заврши Летната школа за 2023 година.

На свеченото затворање на летната школа присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој го изрази своето задоволство од учеството и постигнатите резултати на учениците кои учествуваа на летната школа.

„Оваа година е втора година од одржувањето на летната школа и имавме 500 ученици кои беа ангажирани еден месец од професионални ментори. Се надевам дека летната школа ќе остане традиција и следните година“, рече градоначалникот Арбен Таравари кој им се заблагодари на професионалните ментори за нивната едномесечна посветеност.

Потсетуваме дека Летната школа освен што ќе ги ангажира децата за време на летниот распуст и одалечувањето од технологијата, има за цел и да ги открие младите таленти на градот во различни области.