И лицата со посебни потреби, конкуренти на пазарот на трудот

 

Во Општинскиот мултифункционален центар при крај е обучувањето на 30 лица, од кои повеќе од половина се со посебни потреби, а останатите се невработени.

По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел од обуката, невработените лица со новостекнатите вештини ќе имаат поголеми можности за поефикасно и поефективно вклучување на пазарот на трудот, но и за отворање сопствен бизнис во областа на угостителството.

Обуката се спроведува во рамките на иницијативата за приватно-јавно партнерство помеѓу општина Гостивар и избраниот изведувач „Ресторан Пела“, додека проектот е финансиран од УНДП.

Лицата со посебни потреби во последните 6 години секогаш наоѓале целосна поддршка од општина Гостивар, додека Гостивар останува единственото место со мултифункционален центар за лица со посебни потреби.