ОГЛАС

Согласно член 50 став 7 и 8 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РCМ“ бр. 5/2002, Буџет на општина Гостивар, Одлука на Советот (бр. 08-2309/1 од 24.12. 2021 година) во врска со член 49 став 3 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и член 4 од Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите („Службен весник на РМ“ бр. 130/07),

ОГЛАС

(за финансиска поддршка на здруженија, спортски клубови и проекти од физички лица)

Документации:

Распределба на средства од Буџетот на општина Гостивар за 2022 година, Сектор за финансии – Програма L0- Спорт и рекреација, К4 – Културни настани, А0 Трансфери до организации и R1 – Заштита на животната средина.
Трансферите ќе се извршат во согласност со буџетските програми и планирања.
 Програма за културни активности бр. 08-2316/1 од 24.12.2021 год. на Советот на општината
 Програма за спорт бр. 08-2318/1 од 24.12.2021 год. на Советот на општината
 Програма за заштита на животната средина бр.08-2323/1 од 24.12.2021 год. на Советот на општината
 Програма за социјална и детска заштита бр.08-2321/1 од 24.12.2021 год. на Советот на општината
 Програма за еднакви можности на мажите и жените бр.08-2319/1 од 24.12.2021 год. на Советот на општината

1. Видови програми/проекти кои ќе бидат поддржани
1.1. Средствата од Буџетот на општина Гостивар ќе бидат наменети за финансирање на горенаведените програмски активности. Активностите на здруженијата/клубовите ќе бидат поддржани во минимален износ од 30.000,00 до максимален износ од 180.000,00 денари., активностите на физичките лица ќе бидат поддржани во минимален износ од 10.000,00 до максимален износ од 30.000,00 денари по проект:
Цели на огласот:
 Активности со позитивно влијание врз унапредување и развој на културата, спортот, животната средина и општеството.
 Активности кои овозможуваат учество на сите заедници.
Активности кои ќе бидат поддржани:
1. Поддршка на НВО /клубови и физички лица
 Поддршка на НВОи и клубови за подобрување, унапредување и подигање на квалитетот на граѓанскиот живот во општина Гостивар.
2. Животна средина
 Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на загадувањето на воздухот и влијанието на климатските промени и заштита на националните природни ресурси на територијата на општина Гостивар.
3. Култура
 Поддршка на КУД-ови за промоција на културното наследство и етничката различност, за создавање услови за културен живот, поддршка на уметниците, афирмација на млади уметници, одбележување и манифестација на значајни културни датуми во општина Гостивар и поддршка за поединечни изданија.
4. Спорт
 Поддршка на спортистите за афирмација, развој и подобрување на квалитетот на рекреативните спортови на територијата на општина Гостивар.

5. Социјална заштита
 Поддршка на децата (од областа на социјалната заштита) и лица со посебни потреби во културно-рекреативни спортски активности и манифестации.

6. Еднакви можности

 Поддршка од областа на еднакви можности на мажите и жените.
2. Временска рамка и вкупно предвидени средства / на располагање
2.1 Распределбата на средства за одредени проекти ќе се реализира во два дела, првиот дел од средствата ќе се реализира веднаш по евалуацијата од страна на комисијата дека проектот ги исполнил сите критериуми, вториот дел по доставување финансиски извештаи и наративен извештај за 2022 година. Извештаите за освоените проекти ќе ги разгледува комисија за евалуација за сите правни и физички лица. Проектите мора да бидат завршени во рокот предвиден со јавниот оглас, а најдоцна до декември 2022 година.
2.2 Доколку правните и физичките лица добитници на проекти од општина Гостивар не ја достават потребната документација за реализација на проектите и документација (извештајот) за покривање на финансиските трошоци, комисијата за евалуација при општина Гостивар ќе ги разгледа законските можности преку надлежните органи, за победничките проекти да ги вратат средствата стекнати во првата фаза од реализацијата на проектот.
3. Основни организациски критериуми
Основните организациски критериуми кои мора да ги исполнуваат правните и физичките лица (здруженија, клубови) кои учествуваат на овој оглас се:
3.1 Да бидат регистрирани согласно одредбите од Законот за здруженија и клубови, најмалку една година пред објавувањето на огласот;
3.1.1 Физичките лица мора да се државјани на РСМ и жители на општина Гостивар;
3.2 Работата и дејствувањето да ја имаат за цел широката јавност и интересите на заедницата;

3.a. Оценување на квалитетот на проектот за ЗДРУЖЕНИЈАТА/КЛУБОВИТЕ
Оценувањето на квалитетот на проектите од правни лица кои ги исполнуваат основните организациски критериуми ќе се врши врз основа на посебни програмски критериуми:
Области за НВОи/Клубови
1. Орагнизациски капацитет
1.1. Дали здруженијата/клубовите имаат организациона структура и ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери или вработени со скратено работно време, канцелариски простор, техничка опрема и способност за управување со буџетот)
1.2. Дали здруженијата/клубовите имаат искуство во областа (примарна цел) за која се пријавуваат во огласот
2. Работа и соработка во мрежа
2.1 Дали здруженијата/клубовите се членови на мрежи и платформи на граѓански организации (национални и меѓународни) и во последните 3 години имаат реализирано проекти во соработка со други организации или органи на државната управа
3. Квалитет на проектот
3.1.Колку општата цел на проектот ќе придонесе за реализација на дадената примарна цел
3.2 Колку е кохерентен целокупниот проект и дали содржи јасна посветеност на неговото спроведување
3.3 Дали спроведувањето на активностите води кон реализација на резултатите предвидени во проектот
3.4 Дали планот за имплементација е јасен и остварлив
3.5 Дали има јасно дефинирани показатели за мерење на постигањата
4. Буџет и ефикасност на трошоци
4.1 Дали активностите се соодветно рефлектирани во буџетот
4.2 Дали односот помеѓу проектираните трошоци и очекуваните резултати е адекватен

3.b. Оценување на квалитетот на проектите за ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Оценувањето на квалитетот на проектите на физички лица кои ги исполнуваат основните организациски критериуми ќе се врши врз основа на посебни програмски критериуми:

Области за физички лица
1. Организациски капацитет
1.1. Дали проектот има ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери или вработени со скратено работно време)
1.2. Дали апликантот/ката има искуство во областа (примарна цел) за која се пријавува во огласот
2. Квалитет на проектот
2.1. Колку општата цел на проектот ќе придонесе за реализација на дадената примарна цел
2.2 Колку е кохерентен општиот проект и дали содржи јасна посветеност на неговото спроведување
2.3 Дали спроведувањето на активностите води кон реализација на резултатите предвидени во проектот
2.4 Дали планот за имплементација е јасен и остварлив
2.5 Дали има јасно дефинирани показатели за мерење на постигањата
3. Буџет и ефикасност на трошоци
3.1 Дали активностите се соодветно рефлектирани во буџетот
3.2 Дали односот помеѓу проектираните трошоци и очекуваните резултати е адекватен

4. Неопходна документација која треба да ја поднесат ЗДРУЖЕНИЈАТА / КЛУБОВИТЕ
Здруженијата и клубовите кои учествуваат на огласот треба да достават:
1. Барање за финансиска поддршка;
2. Предлог-проект;
3. Копија од моменталната состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на здружението/клубот не постаро од шест месеци;
4. Копија од статутот;
5. Копија од завршната сметка за 2021 година;
6. Наративен извештај за работата со цели, активности, резултати и извори на финансирање во 2021 година.

4.1 Неопходна документација која треба да ја достават ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА.
1. Барање за финансиска поддршка;
2.Предлог-проект;
3. Копија од лична карта;
4. Копија од банкарска сметка на барателот;
5. Дополнителна документација во зависност од полето избрано за апликацијата (признанија, сертификати, потврди).

5.Забелешка:
5.1. Здруженијата/клубовите и физичките лица кои со свои проекти ќе победат на јавниот оглас на општина Гостивар нема да имаат право да поднесуваат други финансиски барања и да конкурираат на следните јавни огласи од страна на општина Гостивар за календарската 2022 година.
5.2 Здруженијата/клубовите и физичките лица кои со своите проекти нема да бидат победници на јавниот оглас на општина Гостивар нема да имаат право да поднесуваат финансиски барања или да поднесуваат проекти до следниот оглас од општина Гостивар за календарската 2022 година. .
5.3 Доколку вашиот предлог-проект биде избран и добие финансиска поддршка од Буџетот на општина Гостивар, имате обврска да го користите логото на општина Гостивар. Проектите што ќе добијат финансиска поддршка од општина Гостивар треба особено да се внимава да не се нарушува имиџот на институцијата, да не се користи говор на омраза, навреди кои можат да поттикнат насилство, меѓуетничка толеранција или дејствија што се спротивни на Уставот и законските норми на РСМ. За сите горенаведени точки одговорни ќе бидат здруженијата/клубовите или поединците кои ќе добијат финансиска поддршка за нивните предлог-проекти од страна на општина Гостивар.
5.4 Некомплетната документација или пријавите кои ќе се достават по истекот на рокот предвиден во јавниот оглас, нема да се разгледуваат.
5.5 Апликациите доставени во архивата на општина Гостивар нема да му бидат вратени на апликантот.

6. Рок и начин на поднесување апликации
6.1 Краен рок за поднесување на апликациите е 15.02.2022 година
6.2 Документацијата да се стави во затворен плик со назнака: „ОГЛАС (за финансиска поддршка на здруженија, спортски клубови и проекти од физички лица)“ на адреса: Општина Гостивар, Сектор за финансии, бул. Браќа Ѓиноски 61, 1230, Гостивар, или во архивата на општина Гостивар од 08:00 до 16:00 часот, со опис – За поддршка на здруженија и фондации за 2022 година.
6.3 Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на општина Гостивар. www.gostivari.gov.mk
6.4 Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Комисијата за реализација на Јавниот повик на емаил адреса info@gostivari.gov.mk или тел: 042/ 214 – 600, 042/ 213-511