С О О П Ш Т Е Н И Е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица опфатени во просторот на Урбанистички проект за инфра-структура, за изградба на линиски инфрастукту-рен објект – со класа на намена Е1.1 – Сообраќајни инфраструктури – Локален пат од с.Беловиште до с.Форино – Општина Гостивар, дека Градона-чалникот на Општина Гостивар повика:
ЈАВЕНУВИД
По Урбанистички проект за инфраструктура, за изградба на линиски инфрастуктурен објект – со класа на намена Е1.1 – Сообраќајни инфрастру-ктури – Локален пат од с.Беловиште до с.Форино – Општина Гостивар, изработено од Друштво за производство,трговија и градежништво ″ПРО-ИНЖЕНЕРИНГ″ДООекспорт-инпорт Тетово, со текн.бр.04-12/2024 од август 2024.
Јавниот Увид ќе се објави на веб страницата на општина Гостивар во период од 15 дена и тоа од 27.11.2024година до 11.12.2024 година.