УПАТСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ
Со ова упатство можете брзо и лесно да ги платите вашите даночни обврски за имотен данок, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комуналната такса за фирмарина преку платформата edanoci.mk.
Начини за плаќање:
- Со скенирање на QR код:
На секое решение е отпечатен QR код. Со негово скенирање со мобилен телефон, автоматски ќе се пренасочите кон порталот за плаќање на edanoci.mk.
- Преку директен пристап на платформата:
Внесете го линкот https://edanoci.mk/ во вашиот прелистувач. По отворање на платформата, кликнете на опцијата за преглед и плаќање на решение.
За да се регистрирате потребен ќе ви биде повикувачкиот број на решението.
Опции за уплата:
- Брза уплата без регистрација:
Оваа опција овозможува плаќање без регистрирање. Доволно е да го внесете повикувачкиот број од решението и ЕМБГ или ЕДБС за кого се однесува тоа решение.
По верификацијата системот ќе го прикаже решението заедно со статусот за неговата наплата, и доколку истото не е платено, ќе ви даде опција да го платете.
- Уплата со регистрација
Ја препорачуваме уплатата со регистрација за подобро искуство и повеќе функционалности кон Вас. За регистрација ќе Ви биде потребна маил адреса за која ќе се креира корисничкиот профил за Вас.
По креирање на корисничкиот профил и негова активација и најава кон платформата, покрај преглед на неплатени обврски и нивна наплата, Ви се пружаат повеќе можности како што се:
- Преглед на Вашите основни податоци.
- Можност за додавање други даночни обврзници во чие име можете да правите преглед и плаќање на обврски.
- Преглед на сите даночни обврски кон општината и неплатените обврски.
- Преглед на имотот, проценетата вредност и издадените решенија.
- Пристап до вашата финансиска картичка и преглед на сите трансакции.
- Поднесување на приговор до Општината.
По Регистрацијата за да изврши плаќање на даночниот долг треба да одбере неплатени обврски, Општина за која се врши плаќањето, да избере една или повеќе неплатени обврски и да кликне Плати обврска за Општина.
По кликнување на Плати обврска за Општина, апликацијата Ве води кон наплата во која напред дава преглед на Данокот и износот кој е одбран да се плати.
По изборот на Продолжи кон наплата апликацијата Ве води кон Виртуалниот Пос терминал во кој мора да се внесат: Име и Презиме, Број на Картичка, CVV2/CVC2 кодот, Како и Рок на важност на картичката. Со кликнување на Потврди апликацијата ги Проверува податоците и се извршува електронската уплата.