Одделение за инвестициско – проектни истражувања, изградба и одржување на инфраструктурнии капитални објекти и следење и реализација на други проекти и програми, ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

–              ја следи законската регулатива за финансирање проекти од локален карактер;

–              врши истражување на територијата на Општината и евидентира потреби за инвестирање;

–              соработува со одделението за месна самоуправа од каде добива барања директно од граѓаните за потенцијална инвестиција;

–              прави анализа на состојбите и фиансиска проценка за инвестирање;

–              обезбедува потенцијални донатори за инвестирање;

–              ги следи потенцијалните расположливи фондови од домашни и од странски компании;

–              изработува целосни проекти потребни за секторот барател на инвестиција;

–              аплицира кај домашни и странски инвеститори;

–              врши програмирање за ИПА фондови

–              ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на сите состојби и решавање на проблемите;

–              учествува во подготовката на предлог годишна програма за уредување на градежно земјиште;

–              ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежно земјиште;

–              ги реализира градежните проекти од Програмата и Буџетот за тековната година за кои надлежните сектори немаат реализација и подготвува градежна и финансиска документација за проекти од областа на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти;

–              изградба и одржување на јавното осветлување;

–              учествува во подготовка на проектни задачи;

–              припрема на јавни набавки за изградба на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти;

–              ја следи инвестицијата и учествува во изборот на изведувач;

–              ја следи целокупната градба на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти при што подготвува соодветна техничка документација, градежни книги и технички прием;

–              учествува во подготовка на Програмата и Буџетот за работа на секторот во тековната година;

–              изготвува извештаи за извршените инвестиции и буџетот за изминатата година

–              ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

–              ја следи законската регулатива за финансирање проекти од локален карактер;

–              ја следи реализацијата на проектите и програмите;

–              соработува со секторот барател во врска со реализацијата на инвестицијата;

–              од секторот барател обезбедува извештаи за состојбата на инвестицијата;

–              во случаи кога динаминката, функционалноста и квалитетот на инвестицијата не е во корелација со договорот, тогаш на предлог на раководителот на одделението за реализација и следење на проекти и програми договорот/оперативниот план се враќа на постапување во секторот за Инвестиции, проекти и програми, согласно решение издадено од градоначалникот; понатамошната реализација на таквиот проект ја завршува секторот за инвестиции, проекти и програми;

–              го следи извршувањето на договорот за инвестирање;

–              врши контрола на состојбите на терен и изработува записник;

–              изработува месечни, квартални и годишни извештаи за инвеститорот;

–              изработува месечни, квартални и годишни извештаи за потребите на Општината.

Одделение за локален економски развој, евроинтеграции и меѓународна соработка, ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

–              иницирање, организирање и координирање активности кои се однесуваат на изработка и имплементација, мониторинг, евалуација и ревидирање на стратегијата и програмите за локален економски развој, односно усогласување на постоечките планови со регионални, национални и меѓународни стратешки документи;

–              изработува и предлага годишни програми за развој на НВО секторот;

–              изработува и предлага годишни програми за меѓународна соработка;

–              учествува во изработката на апликации за домашни и странски фондации;

–              изготвува стратешкиот план на Општина Гостивар;

–              остварува соработка со надлежните органи во процесот на изготвувањето на стратешкиот план, следење на степенот на реализација на стратешкиот план на Општина Гостивар;

–              изготвува анализи и информации за резултатите од остварувањето на стратешките приоритети, како основа за изготвувањето на стратешкиот план за наредната година;

–              ги проучува и ги применува законите и подзаконските акти во врска со стратешкото планирање, обединување на програмите за работа на организационите облици, следење на степенот на реализација на Годишната програма за работа;

–              ги утврдува развојните и структурните приоритети на општина Гостивар, предлага мерки и активности за спроведување на локалната економска политика;

–              предлагање и утврдување на развојните и структурните приоритети на Општината;

–              предлагање и спроведување на мерки за поддршка на развојот на малите и средните предпријатија и предприемаштвото во општината;

–              координирање на активностите околу добивањето и насочувањето на донации за развојни цели;

–              следење на состојбата во стопанството во Општината;

–              подготвување на информации од значење за локалиот економски развој;

–              предлагање мерки за развој на земјоделството, трговијата, угостителството, занаетчиство и туризмот во општината;

–              поттикнува соработка со општествено одговорни компании на територијата на Општината;

–              водење на евиденција на правните субјекти кои вршат стопанаска дејност на подрачје на oпштината;

–              спроведување на постапка за регистрирање и водење на регистарот на лицата што вршат трговска дејност од мал обем, туристичка дејност од мал обем и угостителска дејност од мал обем;

–              воспоставување  и  координирање на соработката на општината со здруженија на граѓани, фондации и со други општествени организации што дејствуваат на подрачјето на општината и надвор од неа и ја следи нивната работа;

–              предлагање и реализирање на мерки за учество на здруженија на граѓани, фондации и на другите општествени организации во постапките за подготвување на стратешки и развојни документи на општината;

– предлагање на мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани, фондациите и на другите општествени организации;

–              воспоставување, одржување и развивање на соработката на општината Гостивар со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори;

–              предлага годишна и среднорочна програма за соработка на општината со збратимени општини во странство;

–              воспоставува соработка со меѓународни организации на локалните заедници и врши работи што се поврзани со воспоставување, одржување и развивање на соработката на општината со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори;

–              организира средби и состаноци со претставници на општини и организации од странство;

–              презема мерки и активности за зачленување на општината во меѓународни организации на локални власти;

–              дава мислење во врска со договори за меѓународна соработка и го следи нивното извршување;

–              ги реализира проектите од областа на соработка на општината со збратимени општини во странство во соработка со другите делови на општинската администрација, – поднесува предлог-проекти за поддршка од странски донатори и кредитори;

–              учествува во подготовката и евалуацијата на целокупната документација што се поднесува до странските донатори и кредитори;

–              ја координира активноста на сите делови на општинската администрација околу реализацијата на проектите финансирани од странски донатори и кредитори;

–              обезбедува информации на Општина Гостивар за европските политики кои се во тек на дефинирање;

–              предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на градската администрација согласно европското законодавство;

–              учествува и организира тркалезни маси и конференции кои се однесуваат на развојот на локалното законодавство;

–              помага во ефективно усвојување на европските структурни фондови преку лесен достап на информации за европските програми, проекти и иницијативи за заедништво;

–              постојано обезбедува комуникација со институциите кои се занимаваат со европските прашања (Национален совет за евроинтеграции при Собранието на РCМ, Секретаријатот за европски прашања-СЕП при Влада на РCМ, Европската комисија во РCМ и др.);

–              успешно ги користи и управува со претпристапните фондови на ЕУ со посебен осврт на инструментот за претпристапна помош-ИПА во соработка со Проектната единица; и

–              врши други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.