Др. Валбон Лимани, функцијата градоначалник на општина Гостивар, ја презеде на 08.07.2024 година, откако беше изгласан во Советот на општина Гостивар со 22 гласа за и 9 против. Во оваа функција тој доаѓа како вршител на должноста до следните локални избори во октомври 2025 година.
На 26 ноември 2021 година е избран за претседател на Советот на општина Гостивар, функција која ја извршува до 8 јули 2024 година.
Др. Валбон Лимани е специјалист ендокринолог на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања во Скопје.
Роден e на 19.05.1980 година во Гостивар. Во 2008 година дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тракија, а во 2019 година завршил специјализација по ендокринологија на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања во Скопје.
Во периодот 2022-2024 година бил ангажиран како асистент на Факултетот за медицински науки при Државниот универзитет во Тетово.
Член е на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, како и член на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD).
За време на своето искуство во граѓанскиот сектор, Др. Валбон Лимани беше претседател на управниот одбор на Граѓанската асоцијација „Мост“ во периодот 2014-2016 година, како и член на управниот одбор на невладината организација „Европски центар за развој, толеранција и соработка“.
Валбон Лимани е оженет и има три деца.
Контактирајте го градоначалникот Валбон Лимани
valbon.limani@gostivari.gov.mk