Валбон Лимани најавува 16 детски игралишта, првото е поставено во дворот на О.О.У. „Лирија“ во село Равен

 

Во рамките на континуираните активности за подобрување на условите за децата и семејствата, Општина Гостивар постави ново детско игралиште во дворот на Основното училиште „Лирија“ во село Равен.

Оваа инвестиција е дел од поширок проект кој предвидува изградба на вкупно 16 детски игралишта во сите населени места на општината.

Градоначалникот на општината, Валбон Лимани истакна дека ваквите инвестиции се доказ за посветеноста на локалната власт кон благосостојбата на децата и развојот на здрава средина за нив.

„Во дворот на О.О.У. ‘Лирија’ во Равен поставивме ново детско игралиште, дел од нашиот проект со вкупно 16 детски игралишта кои ќе бидат поставени во сите населени места на општината. Да им служи на нашите деца“, изјави Лимани.

Инаку, проектот за детските игралишта има за цел не само создавање на забавни и едукативни простори за децата, туку и поттикнување на активности на отворено, нивен социјален и физички развој, како и зголемување на квалитетот на животот во заедницата.