Урбанистички Проект со план за парцелација за поделба на градежна парцела ГП А-8.138 на две градежни парцели и промена на диспозиција на површина за гра-дење со основна класа на намена А1-домување во станбени куќи, на дел од КП 3822, во КО Гостивар 1, во ДУП за Блок 8, УЕ „А“, Плански период (2017-2022), Општина Гостивар
Општина Гостивар и оваа година, по петти пат по ред, се приклучува на бројните активности и ангажмани што се одвиваат во рамки на „Европската недела на мобилност“, која се одбележува од 16 до 22 септември во сите европски земји.
Оваа недела има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за значењето на заштитата на животната средина, подобрувањето на квалитетот на воздухот и создавањето на поздрави услови за сите нас. Во таа насока, Општина Гостивар им упатува апел на сите граѓани во текот на овие денови да ги користат што е можно помалку приватните автомобили и да изберат алтернативни средства за транспорт, како што се: движење пеш, возење велосипед, користење јавен превоз итн.
Користењето на автомобилите е еден од главните фактори што негативно влијаат врз загадувањето на воздухот и влошувањето на животната средина. Затоа, секој мал чекор што го правиме како поединци, избирајќи други начини на движење, придонесува за намалување на загадувањето, заштеда на енергија и создавање почист и позелен град за идните генерации.
Општина Гостивар нагласува дека активното учество на граѓаните во оваа иницијатива претставува важен чекор кон градење нова култура на одржлива мобилност. Освен еколошкиот аспект, движењето без автомобили придонесува и за нашето физичко и ментално здравје, нудејќи ни повеќе енергија и поздрав начин на живот.
Општина Гостивар ги повикува сите граѓани, училиштата, младите, бизнисите и институциите да придонесат со својот пример и да станат активен дел од „Европската недела на мобилност“, бидејќи само заедно можеме да изградиме позелен, почист и поздрав град.
Во рамките на континуираните активности за подобрување на условите за децата и семејствата, Општина Гостивар постави ново детско игралиште во дворот на Основното училиште „Лирија“ во село Равен.
Оваа инвестиција е дел од поширок проект кој предвидува изградба на вкупно 16 детски игралишта во сите населени места на општината.
Градоначалникот на општината, Валбон Лимани истакна дека ваквите инвестиции се доказ за посветеноста на локалната власт кон благосостојбата на децата и развојот на здрава средина за нив.
„Во дворот на О.О.У. ‘Лирија’ во Равен поставивме ново детско игралиште, дел од нашиот проект со вкупно 16 детски игралишта кои ќе бидат поставени во сите населени места на општината. Да им служи на нашите деца“, изјави Лимани.
Инаку, проектот за детските игралишта има за цел не само создавање на забавни и едукативни простори за децата, туку и поттикнување на активности на отворено, нивен социјален и физички развој, како и зголемување на квалитетот на животот во заедницата.
Урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели ГП В.27.27 со намена Е2.1-згради за технички пре-глед на автомобили, полигони за обука на воза-чи и ГП В.27.26 со намена Г2-лесна прера-ботувачка и помалку загадувачка индустрија во дел од ДУП УРБАН БЛОК 27, КО Гостивар 1, Општина Гостивар
Предмет: Информација за распоредот на натпреварот „Spelling Bee 2025“
-
V одделение: 11:00 часот
-
VI одделение: 12:30 часот
-
VII одделение: 11:00 часот
-
VIII одделение: 12:30 часот
-
IX одделение: 14:00 часот
-
Подготовка на учениците: Осигурете се дека учесниците се информирани за правилата на натпреварот и точниот распоред.
Општина Гостивар
Сектор за образование и култура
Валбон Лимани донираше дидактички материјали за 2 Април – Светскиот ден на свесноста за аутизмот
По повод 2 Април – Светскиот ден на свесноста за аутизмот, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, ја посети центарот „Blue Puzzle“.
“На овој посебен ден ја посетивме Центарот за аутизам ‘Blue Puzzle’, каде што имавме пријатен разговор со Валон, кој го раководи овој центар. Општина Гостивар, како знак на поддршка, донира дидактички материјали во вредност од 60.000 денари,” изјави градоначалникот Лимани.
Тој исто така ја потенцираше важноста на овој ден, истакнувајќи го почитувањето, прифаќањето и инклузијата на лицата со аутизам како нераскинлив дел од нашето општество.
Градоначалникот Лимани ја посети и Специјалната паралелка за деца со посебни потреби во училиштето „Исмаил Ќемали“, каде што и самото училиште организираше активности за одбележување на Светскиот ден на аутизмот.
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, и градоначалникот на Општина Гњилане, Албан Хисени, денес одржаа значајна средба со цел зајакнување на прекуграничната соработка во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој.
На оваа средба, двете страни постигнаа договор за заедничка имплементација на проект финансиран од програмата ИПА 3, кој има за цел подобрување на еколошката одржливост, намалување на влијанието на климатските промени и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.
Главните активности во рамките на оваа иницијатива вклучуваат развој на зелена и еколошки прифатлива инфраструктура – Општина Гостивар ќе започне транзиција од традиционалните системи за греење со фосилни горива кон употреба на топлотни пумпи, со што ќе се намали загадувањето на воздухот. Во меѓувреме, во Општина Гњилане ќе се создадат урбани зелени површини со цел подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина.
Градоначалникот Лимани нагласи дека овој договор претставува значаен чекор кон одржлив развој и регионална соработка.
„Овој проект е доказ за нашата посветеност кон почиста и поздрава иднина за нашите граѓани. Соработката со Гњилане ќе донесе реални промени во квалитетот на животот и ќе воспостави успешен модел за прекугранична соработка,“ изјави Лимани.
Од своја страна, градоначалникот на Општина Гњилане, Албан Хисени, ја истакна важноста на заедничките проекти за заштита на животната средина и подобрување на животните услови.
„Овој договор е значаен чекор кон поздрава животна средина за сите нас. Ние сме посветени, преку оваа соработка, да создадеме подобри услови за нашите граѓани и да придонесеме кон изградба на поодржлива заедница,“ изјави Хисени.
Заедничкиот проект Гостивар-Гњилане е важна иницијатива во рамките на програмата ИПА 3, која ја рефлектира визијата на двете општини за позелена и поодржлива иднина за прекуграничниот регион. Неговата имплементација се очекува да започне во наредните месеци, со директни придобивки за локалните заедници.
Социална Мрежа
Адреса
Општина Гостивар
бул. “Браќа Ѓиноски” 61
1230, Гостивар
Северна Република Македонија
Контакт
Sektori për përkrahjen e Kryetarit të komunës
+389 (0) 42 214 600
Sektori për çështje financiare
+389 (0) 42 217 438
Sektori për mbikqyrje inspektuese
+389 (0) 42 213 511





