ИЗВЕСТУВАЊЕ
За достапност на документ и јавна расправа
План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи “План за управување со животна средина и социјални работи” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектите. Овие документи се поставени за јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:
Општина Гостивар: https://gostivari.gov.mk/ на 29.10.2024.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документите на веб страниците, преку пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк: https://gostivari.gov.mk/
Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документите, на 01.11.2024 (петок) со почеток во 10.00 часот во YOUTH COMMUNITY CENTER (Центарот за Млади и Заедницата) ул. Мајор Чеде Филипоски 158, Гостивар, со следниот дневен ред:
- Воведен збор на претставник од Единицата за спроведување на проектот при Министерство за финансии за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (претставник од ЕСП/МФ) – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на консултантскиот тим за изработка на техничката документација (Заедничко вложување Инком инженеринг ДООЕЛ Скопје и ТП АНТЕВСКА Куманово) – 10 минути
- Краток осврт на документите “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (претставник од консултантскиот тим за изработка на техничката документација) – 20 минути
- Информирање на јавноста за Намерата за задолжување на Општина Гостивар за реализација на проектот “Реконструкција на административната зграда на Општина Гостивар“, презентација на работите и финансискиот износ.
- Дискусија.