Градоначалникот Лимани оствари средба со надзорникот на Академијата на фудбалскиот клуб Бешикташ од Турција

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска оствари средба со надзорникот на Академијата за фудбал на клубот „Бешикташ“ од Турција, Сафет Ислер.

На средбата, се разговараше за можноста овој спортски клуб да отвори фудбалска академија и во Гостивар.

„Денеска остварив средба со надзорникот на Академијата за фудбал на клубот Бешикташ од Република Турција, г. Сафет Ислер, и неговите соработници. На средбата се разговараше за започнување на соработка со овој клуб за можноста да се отвори академија на Бешикташ во нашиот град“, напиша Валбон Лимани, градоначалник на Општина Гостивар, на социјалните мрежи.

Тој додаде дека ова е фантастична вест за љубителите на спортот во нашиот град, особено за децата.