Лимани ја започна кампањата „Проектираме заедно“, граѓаните изразија интерес и поддршка
Лимани ја започна кампањата „Проектираме заедно“, граѓаните изразија интерес и поддршка
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денес ја започна кампањата „Проектираме заедно“, каде што граѓаните ќе имаат можност да предлагаат проекти за нивните населби.
Кампањата „Проектираме заедно“ започна денес во селото Здуње и во селото Дебреше, а жителите изразија поддршка масовно и со давање идеи за идни проекти на Општина Гостивар.
Кампањата „Проектираме заедно“ што ја започна градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на планирање и носење одлуки за локалните проекти.
Да потсетиме дека Општина Гостивар успеа да добие 13 нови проекти од Владата на РСМ, кои главно се во областа на инфраструктурата. Општина Гостивар преку оваа кампања ќе подготвува проекти и ќе аплицира на вториот повик на Владата на РСМ.