Градоначалникот Лимани приреди ручек за лица со посебни потреби

Градоначалникот Лимани приреди ручек за лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби – 3 декември, градоначалникот на Општина Гостивар приреди традиционален ручек за лицата со посебни потреби.

Градоначалникот Лимани исто така додели признание за посветеноста на американската двојка Дејвид и Кристи Скидмор.

На друг настан, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, заедно со министерот за Социјална работа, Демографија и Млади, Фатмир Лимани, ја посетија Центарот за аутизам „Blue Puzzle“, каде што беа информирани за работата и услугите што ги нуди центарот.

Лицата со посебни потреби секогаш биле приоритет за Општина Гостивар, со цел оваа категорија да има еднакви можности во сите области на нашето општество.