Општина Гостивар постигна два договори со Општина Гњилане

Општина Гостивар постигна два договори со Општина Гњилане

Претставници на Општина Гостивар денеска одржаа состанок во Гњилане со претставници на Општина Гњилане, каде што беа постигнати два клучни договора.

Потпишување на меморандум за соработка помеѓу градоначалниците на двете општини, со цел зајакнување на институционалните врски и промоција на заеднички проекти во области од заеднички интерес.

Изработка на заеднички проект за програмата ИПА 3, со цел користење на средствата од Европската унија за регионален развој и прекугранична соработка, придонесувајќи кон економскиот и социјалниот напредок на двете општини.

Овие иницијативи се очекува да го зајакнат меѓуопштинското партнерство и да поттикнат одржлив развој во регионот.

Општина Гостивар постојано соработува со општините во регионот и ќе продолжи со соработките со единствена цел – развој на што повеќе проекти.