Општина Гостивар: Покана до граѓаните по повод „Европската недела на мобилност“ (16-22 септември)

Општина Гостивар и оваа година, по петти пат по ред, се приклучува на бројните активности и ангажмани што се одвиваат во рамки на Европската недела на мобилност“, која се одбележува од 16 до 22 септември во сите европски земји.

 

Оваа недела има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за значењето на заштитата на животната средина, подобрувањето на квалитетот на воздухот и создавањето на поздрави услови за сите нас. Во таа насока, Општина Гостивар им упатува апел на сите граѓани во текот на овие денови да ги користат што е можно помалку приватните автомобили и да изберат алтернативни средства за транспорт, како што се: движење пеш, возење велосипед, користење јавен превоз итн.

 

Користењето на автомобилите е еден од главните фактори што негативно влијаат врз загадувањето на воздухот и влошувањето на животната средина. Затоа, секој мал чекор што го правиме како поединци, избирајќи други начини на движење, придонесува за намалување на загадувањето, заштеда на енергија и создавање почист и позелен град за идните генерации.

 

Општина Гостивар нагласува дека активното учество на граѓаните во оваа иницијатива претставува важен чекор кон градење нова култура на одржлива мобилност. Освен еколошкиот аспект, движењето без автомобили придонесува и за нашето физичко и ментално здравје, нудејќи ни повеќе енергија и поздрав начин на живот.

 

Општина Гостивар ги повикува сите граѓани, училиштата, младите, бизнисите и институциите да придонесат со својот пример и да станат активен дел од Европската недела на мобилност“, бидејќи само заедно можеме да изградиме позелен, почист и поздрав град.