Уште една нова градинка во Гостивар, се делат 10 нови вработувања
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, заедно со министерот за Социјални прашања, Фатмир Лимани, денес заеднички доделија 10 работни места за вработените во градинките. Истовремено, беа промовирани и новите простории со две паралелки за сместување на 60 деца.
Градоначалникот Валбон Лимани, заедно со министерот Фатмир Лимани, разговараа и за новата градинка која ќе се изгради во Гостивар со капацитет од 100-120 деца, за чија изградба процедурата е во тек.
„Со министерот Лимани дискутиравме и за идните проекти, како што се двата дополнителни одделенија кои се веќе одобрени и се во подготовка, со кои ќе се зголемат капацитетите за 60 деца, како и апликацијата која продолжува за нова градинка со капацитет од 100-120 деца. Со ова, верувам дека веќе нема да има листи на чекање за влез во градинките во Општина Гостивар“, изјави претседателот Лимани.
На настанот беше посетен и Центарот „Blue Puzzle“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, каде беа доделени дидактички средства.