Општина Гостивар и Општина Гњилане потпишаа договор за заедничка имплементација на проект од програмата ИПА 3
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, и градоначалникот на Општина Гњилане, Албан Хисени, денес одржаа значајна средба со цел зајакнување на прекуграничната соработка во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој.
На оваа средба, двете страни постигнаа договор за заедничка имплементација на проект финансиран од програмата ИПА 3, кој има за цел подобрување на еколошката одржливост, намалување на влијанието на климатските промени и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.
Главните активности во рамките на оваа иницијатива вклучуваат развој на зелена и еколошки прифатлива инфраструктура – Општина Гостивар ќе започне транзиција од традиционалните системи за греење со фосилни горива кон употреба на топлотни пумпи, со што ќе се намали загадувањето на воздухот. Во меѓувреме, во Општина Гњилане ќе се создадат урбани зелени површини со цел подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина.
Градоначалникот Лимани нагласи дека овој договор претставува значаен чекор кон одржлив развој и регионална соработка.
„Овој проект е доказ за нашата посветеност кон почиста и поздрава иднина за нашите граѓани. Соработката со Гњилане ќе донесе реални промени во квалитетот на животот и ќе воспостави успешен модел за прекугранична соработка,“ изјави Лимани.
Од своја страна, градоначалникот на Општина Гњилане, Албан Хисени, ја истакна важноста на заедничките проекти за заштита на животната средина и подобрување на животните услови.
„Овој договор е значаен чекор кон поздрава животна средина за сите нас. Ние сме посветени, преку оваа соработка, да создадеме подобри услови за нашите граѓани и да придонесеме кон изградба на поодржлива заедница,“ изјави Хисени.
Заедничкиот проект Гостивар-Гњилане е важна иницијатива во рамките на програмата ИПА 3, која ја рефлектира визијата на двете општини за позелена и поодржлива иднина за прекуграничниот регион. Неговата имплементација се очекува да започне во наредните месеци, со директни придобивки за локалните заедници.