Секторот за Урбанизам при Општина Гостивар со детален извештај за работата во 2024 година
Секторот за Урбанизам, Планирање и Просторно Уредување при Општина Гостивар го објави годишниот извештај за 2024 година, ставајќи посебен акцент на транспарентноста.
Според извештајот, секторот постигнал низа успеси во областа на урбаниот развој и унапредување на услугите за граѓаните.
Главни постигнувања за оваа година се:
168 издадени одобренија за градење и решенија – Од нив, 71 одобрение се за индивидуално домување, 23 за колективно домување и 20 за инфраструктурни проекти, со што Општина Гостивар е една од најактивните општини во земјата во однос на издавање одобренија за градење.
84 одобрени урбанистички процедури – За првпат е одобрен Детален Урбанистички План за Блок 15. Дополнително, одобрени се планови за дел од Блок 20, каде што е предвидена изградба на детска градинка, како и за дел од Блок 4-4a.
Имплементација на електронски услуги – Успешно се спроведени електронски услуги за сите процедури, овозможувајќи полесна и побрза комуникација со граѓаните.
Организирани јавни расправи – Редовно се одржуваа јавни расправи за прибирање сугестии и препораки од граѓаните за урбаните проекти.
Транспарентност и отчетност – На секои шест месеци се објавуваа детални податоци и извештаи за напредокот, со што беше воспоставен нов стандард во работата.
Со овие постигнувања, Општина Гостивар го потврдува својот ангажман за понатамошно подобрување на условите за живеење и услугите за граѓаните,








