Надлежности на градоначалникот на Општината
Градоначалникот на Општината врши извршни и административни надлежности, обезбедувајќи редовно функционирање на општината и спроведување на одлуките на Советот.
1. Ја претставува и застапува општината.
2. Ја проверува законитоста на одредбите на Советот.
3. Ги објавува одредбите на Советот во Службен гласник на општината.
4. Обезбедува спроведување на одлуките на Советот.
5. Обезбедува извршување на работите кои со закон и се делегирани на општината.
6. Иницира и предлага спроведување на одредби од овластувањата на Советот.
7. Го предлага годишниот буџет на општината и годишната буџетска сметка.
8. Го реализира буџетот на општината.
9. Се избираат директорите на јавните претпријатија основани од општината, врз основа на јавниот конкурс.
10. Редовно го известува Советот за вршењето на неговите овластувања, согласно со Статутот.
11. Врши административни работи за правата, обврските и интересите на правните и физичките лица, во согласност со закон.
12. Донесува прописи за систематизација на работните места на општинската администрација.
13. Ја води општинската администрација.
14. Одлучува за работниот однос, правата, обврските и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку со закон поинаку не е определено.
15. Обезбедува правично и законско користење, одржување и заштита на имотот на општината, во согласност со закон и Статутот.
16. Врши други работи утврдени со закон и Статут.