За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

Градоначалник на Општина Гостивар

Д-р Валбон Лимани

Д-р Валбон Лимани ја врши функцијата Градоначалник на Општина Гостивар од 15 јануари 2026 година, по повторените локални избори.

Претходно, на 26 ноември 2021 година, е избран за претседател на Советот на Општина Гостивар, функција што ја вршел до 8 јули 2024 година, додека позицијата вршител на должноста градоначалник ја врши од јули 2024 година до ноември 2025 година.

Д-р Лимани е лекар специјалист ендокринолог, ангажиран на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања во Скопје. Високото образование го завршил во 2008 година на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тракија, додека во 2019 година ја завршил специјализацијата по ендокринологија.

Во периодот 2022-2024 година бил ангажиран како асистент на Факултетот за медицински науки при Државниот универзитет во Тетово.

Тој е член на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, како и член на Европската асоцијација за проучување на дијабетесот (EASD).

Покрај професионалниот и институционалниот ангажман, д-р Валбон Лимани бил активен и во цивилниот сектор, каде што вршел раководни функции во здруженија и невладини организации.

Д-р Валбон Лимани е роден на 19 мај 1980 година во Гостивар. Оженет е и татко на три деца.

valbon.limani@gostivari.gov.mk