За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

Сектор за правни работи

за секторот

Секторот за правни работи, во рамките на општинската администрација на Општина Гостивар, ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа и се грижи за нивна примена во општината, како и ги подготвува правилниците и актите што ги усвојуваат општинските органи.

Секторот дава мислења за усогласеноста на општинските акти со законите и другите прописи, изработува мислења во врска соц нацрт-законите и подзаконските акти од областа на локалната самоуправа, како и ги подготвува концептите и предлозите на одлуките и другите општи акти во надлежност на Градоначалникот и на Советот на Општината.

Овој сектор ја застапува општината пред судовите и пред другите надлежни органи и институции, го води регистарот на судски предмети и подготвува писмени поднесоци, како предлози, жалби, тужби и одговори на тужба. Исто така, ги врши работите поврзани со имотните и имотно-правните прашања на општината.

Во рамките на своите надлежности, секторот се грижи и за прашањата за заштита на личните податоци, дискриминацијата и интегритетот.

Одделенија

Работите во Секторот за правни работи се вршат во две одделенија:

Одделение за нормаativa

Одделението ги следи законите и другите прописи во областа на локалната самоуправа, дава мислења за усогласеноста на општинските акти со законите и ги изработува концептите и предлозите на одлуките и другите општи акти од надлежност на Градоначалникот и на Советот на Општината.

Одделение за правна заштита

Одделението го организира застапувањето на Општината во правните прашања и споровите пред судовите и другите надлежни органи, го води регистарот на судски предмети и ги изработува писмените поднесоци, како жалби, тужби и одговори на тужба. Исто така, се грижи за обезбедување докази и подготвува одговори и мислења по барање на судовите и надлежните органи.

За контакт во врска со активностите на Секторот за правни работи, Ве молиме обратете се кај службените лица за посредување.

Име презиме

Раководител на Секторот за правни работи

emri@gostivari.gov.mk