Сектор за администрирање на приходи
за секторот
Секторот за администрирање на приходи, во рамките на општинската администрација на Општина Гостивар, ја спроведува политиката утврдена во областа на утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и другите надоместоци, како и ги следи и применува законските прописи и другите општи акти од областа на изворите на приходи на општината.
Секторот ги утврдува и евидентира обврските за данок на имот и за општински такси, ги идентификува и евидентира недвижностите на даночните обврзници и ги води регистрите на недвижен и движен имот, кои редовно ги усогласува со регистарот што го води Државниот завод за геодетски работи.
Овој сектор ги врши работите за утврдување и наплата на данокот на промет на недвижен имот и на данокот на наследство и подарок, како и за утврдување на пазарната вредност на недвижностите. Исто така, ја организира присилната наплата на даноците, таксите и другите надоместоци и ги води постапките по жалби во овие области.
Секторот подготвува извештаи, анализи и информации за реализацијата на локалните даноци, такси и надоместоци, предлага акти за промена на стапките на локалните даноци во рамките на законската рамка и учествува во изработката на одлуки, правилници и други акти од оваа област.
Одделенија
Работите во Секторот за администрација на приходи се вршат во две одделенија:
Одделение за данок на промет на недвижности, наследства и подароци и проценка на недвижен имот
Одделението ги врши работите за утврдување и наплата на данокот на промет на недвижности и на данокот на наследство и подарок, ја применува методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижностите и ја води постапката по жалба во оваа област. Исто така, издава решенија, уверенија и други документи и ги собира јавните приходи преку ПОС-терминали.
Одделение за утврдување, наплата и присилна наплата на данок на имот, општински такси и други надоместоци
Одделението ги врши работите за утврдување и наплата на данокот на имот, општинските такси и другите надоместоци и ги води регистрите на недвижен и движен имот. Подготвува опомени за неплатен даночен долг и решенија за присилна наплата, како и ја води постапката по жалба за присилна наплата.
Плати данок онлајн
е-данок
провери и плати данок онлајн