За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

Надлежности на Општината

Општините, во рамките на законот, во согласност со принципот на супсидијарност, имаат право на својата територија да ги вршат работите од јавен интерес со локално значење, кои не се исклучени од нивните надлежности или не се во надлежност на органите на државната власт.

Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и ги вршат работите од јавен интерес со локално значење, утврдени со закон и се одговорни за нивното вршење.

Со законот со кој се уредуваат другите надлежности на општините се определуваат и финансиските извори за вршење на тие надлежности.

Надлежностите се целосни и непобитни и не смеат да се одземат или ограничат, освен во случаи утврдени со закон.

Општините се надлежни за вршење на следниве работи:

Урбанистичко планирање (урбано и рурално), издавање одобрение за градба на објекти од локално значење утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежно земјиште.

Мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, почвата, заштита на природата, заштита од бучава и јонизирачко зрачење.

Општината има надлежности за локален економски развој, вклучувајќи:

  • Планирање на локалниот економски развој

  • Определување на развојните и структурните приоритети

  • Водење на економската политика

  • Поддршка на развојот на малите и средните претпријатија

  • Поддршка на иницијативи на локално ниво

  • Учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции

  • Промовирање на партнерството

Општината е одговорна за широк спектар на дејности, вклучувајќи:

  • Снабдување со вода за пиење и технолошка вода

  • Отстранување и пречистување на отпадните води

  • Јавно осветлување

  • Испуштање и третман на атмосферски води

  • Одржување на јавната хигиена

  • Собирање, транспорт и третман на цврст комунален отпад

  • Уредување и организација на локалниот јавен премин на патници

  • Снабдување со природен гас и топлинска енергија

  • Одржување на гробови, гробишта, крематориуми и давање погребни услуги

  • Изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и други инфраструктурни објекти

  • Уредување на режимот на сообраќај

  • Изградба и одржување на сообраќајна сигнализација

  • Изградба и одржување на јавен паркинг простор

  • Отстранување на непрописно паркирани или оштетени возила од јавните површини

  • Изградба и одржување на пазари

  • Чистење на оџаци

  • Одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини

  • Уредување, одржување и користење на коритото на реките во урбанизираните делови

  • Определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти

Институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти; негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирање културни манифестации; поттикнување на различни специфични форми на творештво.

Развој на масовниот спорт и рекреативните активности; организирање спортски натпревари и манифестации; одржување и изградба на спортски објекти; поддршка на спортските врски.

Општината има надлежности за социјална заштита и грижа за различни групи, вклучувајќи:

  • Детски градинки и домови за стари лица (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување)

  • Социјална грижа за лица со инвалидитет

  • Грижа за деца без родители и родителска грижа

  • Грижа за деца со воспитно-социјални проблеми

  • Поддршка за деца со посебни потреби

  • Поддршка за деца од самохрани семејства

  • Поддршка за деца на улица

  • Поддршка за лица изложени на социјален ризик

  • Поддршка за лица погодени од злоупотреба на дрога и алкохол

  • Подигнување на свеста на населението за социјални прашања

  • Згрижување на социјално загрозени лица

  • Остварување на правото и едукација на децата од предучилишна возраст

Вршењето на овие надлежности е во согласност со Национална програма за развој на социјалната заштита.

Основање, финансирање и управување со основните и средните училишта, во соработка со централната власт, во согласност со законот, организирање на превоз и исхрана на учениците и нивно сместување во ученички домови.

Насочување кон мрежата на јавни здравствени организации и кон објектите од примарната здравствена заштита кои треба да го вклучат претставувањето на локалната самоуправа во сите совети на сите организации во јавна сопственост, здравствено образование; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор врз животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со посебни потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца и сл.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон.

Од воени разурнувања, од природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.

Заштита од пожари што ја вршат територијалните противпожарни единици.

Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност.

Други работи утврдени со закон.

11 Февруари 2026 година