Сектор за информатичка технологија
за секторот
Секторот за информатичка технологија, во рамките на општинската администрација на Општина Гостивар, се грижи за одржување на оперативниот систем, системот за управување со бази на податоци и апликативниот софтвер, како и за инсталација, контрола и одржување на опремата.
Секторот ги спроведува мерките за безбедност и заштита на информатичкиот систем на општината и на преносот на податоци, ја подготвува документацијата за базите на податоци и ги спроведува постапките за нивна заштита. Исто така, обезбедува администрација, техничка поддршка и одржување на веб-страницата на Општина Гостивар.
Овој сектор организира обуки за вработените во општинската администрација за примена на информатичката и комуникациската технологија и ги следи искуствата и напредокот на информатичките технологии со цел нивна примена во општинскиот информативен систем.
Во рамките на секторот се врши и инсталација и одржување на системи за видеонадзор, преку кои се следат крстосниците, паркинзите, депониите, парковите и школските дворови, со цел заштита на урбаната опрема. Секторот соработува со институциите во областа на јавната безбедност, комуналните дејности и заштитата од пожари.
Одделенија
Работите во Секторот за информатичка технологија се вршат во две одделенија:
Одделение за примена на информатичка и комуникациска технологија
Одделението ја планира, развива и одржува информатичката и комуникациската инфраструктура на Општината и ја врши нејзината системска администрација. Ја обезбедува заштитата на податоците во информатичкиот систем, нуди поддршка за корисниците и се грижи за администрацијата и техничкото одржување на веб-страницата на Општина Гостивар.
Одделение за развој на дигитални услуги и примена на дигитални процеси и системи
Одделението врши инсталација и одржување на системи за видеонадзор и следи преку камери крстосниците, паркинзите, депониите, парковите и училишните дворови, како и влезот и излезот во зградата на општината. Исто така, ја развива информатичката технологија преку креирање бази на податоци за потребите на општината.