Сектор за човечки ресурси
за секторот
Секторот за човечки ресурси, во рамките на општинската администрација на Општина Гостивар, ги следи, проучува и применува законските прописи од областа на човечките ресурси, локалната самоуправа и работните односи. Секторот ја подготвува функционалната анализа на работните места во општината и обезбедува методолошка, организациона и техничка поддршка во подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места.
Овој сектор обезбедува стручно-оперативна и логистичка поддршка во спроведувањето на годишниот план за вработување во општинската администрација, ги спроведува процедурите за пополнување на слободните работни места, како и процедурите за унапредување и мобилност на административните службеници и другите вработени во општинската администрација.
Исто така, го координира системот за оценување на вработените, ја подготвува анализата на потребите за обука и годишната програма за обука, како и развива политики и насоки за подобрување на внатрешната култура и начинот на работа во општинската администрација.
Секторот води лична евиденција на вработените и евиденција за присуство на работа, го координира планот за користење на годишните одмори, врши пријавување и одјавување на вработените во надлежните органи и служби и ги подготвува актите што се однесуваат на вработувањето, правата, должностите, одговорностите и престанокот на работниот однос. Работите се извршуваат и преку електронскиот систем за човечки ресурси HRMIS.
Одделенија
Работите во Секторот за човечки ресурси се вршат во две одделенија:
Одделение за вработување, унапредување, мобилност и работни односи и права и обврски од работниот однос
Одделението го подготвува актот за внатрешна организација, правилник за систематизација на работните места и годишниот план за враборување. Ги спроведува постапките за вработување преку јавен оглас, за унапредување и за мобилност, ги подготвува актите за вработување и за престанок на работниот однос и ги води личните досиеја на вработените. Исто така, ги координира дисциплинските постапки и постапките за материјална одговорност.
Одделение за мотивација, оценување, стручна обука и усовршување
Одделението се грижи за мотивацијата на вработените, го подготвува кодексот на однесување за вработените и го координира процесот на оценување на административните службеници. Подготвува годишен план за обука и извештаи за неговото спроведување, како и индивидуални планови за стручно усовршување на административните службеници.