За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

Сектор за животна средина

за секторот

Секторот за животна средина, во рамките на општинската администрација на Општина Гостивар, се грижи за заштита и преземање мерки за спречување на загадувањето на воздухот, водата и почвата, за заштита од бучава и неојонизирачко зрачење, за адаптација и митигација на климатските промени, како и за промоција на природата и зеленилото.

Секторот го реализира стратешкото планирање во областа на животната средина преку подготовка на стратешки, плански и програмски документи и го следи нивното спроведување. Во овој контекст, го подготвува Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, Стратегијата за климатски промени, Стратешката мапа на бучава, Локалниот акционен план за животната средина (ЛАПЖС) и извештајот за состојбата со животната средина на територијата на општината.

Овој сектор ја анализира состојбата и предлага мерки за подобрување на енергетската ефикасност и за користење на обновливите извори на енергија, учествува во подготовката на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Гостивар и ги спроведува процедурите за стратешка оцена на влијанието врз животната средина и за интегрирани еколошки дозволи Б, во надлежност на општината.

Во областа на управувањето со отпадот, секторот ги подготвува стратешките, планските и програмските документи за управување со отпад, ја предлага годишната програма за управување, собир, транспорт и третман на цврстиот комунален отпад и соработува со другите општини во оваа област. Исто така, подготвува предлози за прогласување заштитени подрачја и учествува во подготовката и ажурирањето на катастарот на зелени површини.

Одделенија

Работите во Секторот за животна средина се вршат во две одделенија:

Одделение за заштита на животната средина и енергетска ефикасност

Одделението го подготвува Планoт за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, Стратегијата за климатски промени и Стратешката мапа на бучава, како и предлага мерки за заштита на водите и почвата. Ги спроведува постапките за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина и за интегрирани еколошки дозволи Б, го подготвува Локалниот акционен план за животната средина и учествува во подготовката на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Гостивар.

Одделение за управување со отпад, заштита и промоција на природата и зеленилото

Одделението ги подготвува стратешките, планските и програмските документи за управување со отпад, ја предлага годишната програма за собирање, транспорт и третман на цврст комунален отпад и се грижи за напуштениот отпад. Исто така, подготвува предлози за прогласување заштитени подрачја, ја подготвува мапата на биотопи и учествува во подготовката на кадастарот на зелени површини.

За контакт во врска со активностите на Секторот за животна средина, Ве молиме обратете се кај службените лица за посредување.

Име презиме

Раководител на Секторот за животна средина

emri@gostivari.gov.mk