Права и обврски на членовите на Советот
Членовите на Советот на општината земаат активно учество во работата на советот и комисиите, даваат иницијативи и предлози и уживаат правна заштита за својот глас и мислење.
Членовите на Советот имаат право и обврска да бидат присутни и да учествуваат во работата на советот и неговите постојани и привремени комисии.
Членовите имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања до префектот.
Членот на советот не може да биде повикан на кривична одговорност или приведен за искажаното мислење или за гласање во советот.
Работодавачот е должен да го ослободи од работните обврски членот на советот за да учествува на седниците на советот или на комисиите каде што тој е член.
Членовите на Советот имаат и други права и обврски утврдени со статутот и други одредби во согласност со овој закон.