Општина Гостивар, бројни активности за Денот на екологијата

18.03.2021

И оваа година, Општина Гостивар ќе организира повеќе активности за одбележување на 21 Март – Ден на екологијата.

Од Одделението за заштита на животната средина и природата, најавуваат дека активностите ќе траат два дена, ќе бидат од различен карактер и со широко вклучување на децата, младите, невладините организации и граѓаните воопшто.

„Активностите ќе започнат во недела, 21 март, со промовирање на Еко-патролата, за да продолжат со промовирање на мобилниот уред за мерење на загадувањето на воздухот, а првиот ден ќе заврши со засадување дрвја. Вториот ден, понеделник, ќе се организира една работилница со децата од градинките и една со првачињата, а активностите ќе завршат со широка акција за чистење на градот од страна на општинските службеници и вработените во јавните претпријатија“, информира Зуди Џелили – одговорен во Одделението за екологија.

Целта на одбележувањето на Денот на екологијата е да се подигне свеста на граѓаните од сите возрасни групи и категории, да се зачува животната средина и природата, како и да се подигне нивото на одржување на чистотата.

Следува агендата на активности

21.03.2021 (недела)

11:00 – Промовирање на „Еко патролата“

11:45 – Промовирање на мобилниот уред за мерење на нивото на загадување на воздухот, даден на употреба за одреден период на тестирање од страна на Здружението за услуги и трговија „Информ“ кој потоа ќе биде во сопственост на Општина Гостивар

12:00 – Засадување дрвја (претставници на неколку невладини организации и гости)

 22.03.2021 (понеделник)

 10:00 – Работилница со деца од градинките

 11:00 – Работилница со првачиња

 13.00 – Широка акција за чистење на градот од страна на општинската администрација и вработените во општинските јавни претпријатија (собирање на учесниците пред општинската зграда).

Служба за информирање