Имав чест, денес во мојот кабинет да се сретнам со Тана Де Зулуета – шеф на Набљудувачката мисија на ОДИХР во нашата земја, која беше придружувана од двајца долгорочни набљудувачи на ОБСЕ-ОДИХР, Валдемар Урубан и Вероник Ласер-Фи.

Во оваа прилика, претставниците на ОБСЕ ги информирав за политичката состојба во општина Гостивар во пресрет на локалните избори, изразувајќи уверување дека изборите ќе бидат слободни, фер и демократски. Исто така, разговаравме за проектите кои ОБСЕ ги спроведува на локално ниво, за обука на општинските советници и администратори.

Инаку, гостите подвлекоа дека 20 долгорочни набљудувачи на ОБСЕ-ОДИХР се на терен за да го набљудуваат процесот на подготовка за изборите на 17 октомври. На мисијата, на денот на изборите, ќе им се придружат уште 250 краткорочни набљудувачи