Многу плодна средба со Рита Беадини – новинарка и активистка за правата на жените

Многу плодна средба со Рита Беадини – новинарка и активистка за правата на жените, од Центарот за еднакви можности „Молкуќја“.
Прво и честитав на Рита за благородната работа што ја прават со Центарот и платформата „Mollëkuqjа.mk“ со цел да се создаде безбедна просторија за жените и мажите, каде што тие не само што ќе можат да се информираат за актуелните проблеми поврзани со полова дискриминација, туку исто така ќе можат да ги споделат своите размислувања и искуства.
На средбата се разговараше за можноста за соработка помеѓу општина Гостивар и Центарот за еднакви можности „Молекуќја“ и се договоривме по повод Меѓународниот ден на жената да оствариме нешто убаво со цел подигање на свеста за родовата нееднаквост и последиците од оваа појава во нашето општество.