Ми беше задоволство да го пречекам градоначалникот на општина Витија (Косово), Сокол Халити со неговите соработници.

Ми беше задоволство да го пречекам градоначалникот на општина Витија (Косово), Сокол Халити со неговите соработници.
На средбата го истакнавме продлабочувањето на соработката во повеќе области, особено во оние кои се дефицитарни во нашите општини и заедничкото аплицирање во фондовите на Европската Унија за прекугранична соработка.

На оваа многу пријателска средба, го изразив моето убедување дека општините од Северна Македонија со оние од Косово, Албанија и пошироко треба почесто да се среќаваат и да имаат заеднички иницијативи, кои ќе влијаат во привлекувањето инвеститори, без разлика дали се локални или регионални и за подготовка на заеднички развојни планови во иднина.