Нема поголемо задоволство за еден градоначалник кога ќе слушне за успеси на национално и меѓународно ниво на младите од градот

Такви се:
Лина Демири која го освои првото место за пеење на фестивал во Рим.
Тамара Грујеска, многу успешна девојка во областа на музиката, прво место на фестивал во Русија.
Виктор Максимовски – Прво место на државни натпревари по математика, второ место по информатика и трето место по биологија.

Хана Ќазими – Прво место на државни натпревари по хемија.
Минета Селими-меѓународен натпревар по германски јазик.
Со овие одлични млади луѓе денеска разговаравме за нивната светла кариера уште од сега и им посаксв да продолжат вака и да бидат амбасадори на нашиот град каде и да настапат.

Откако им честитав за прекрасна работа и им посакав и други успеси во иднина, на истите им доделив благодарници и еднократна парична помош од 50 евра.