Општина Гостивар се збратими со општина Улцињ
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска беше домаќин на градоначалникот на општина Улцињ, Омер Бајрактари и на амбасадорката на Црна Гора во Северна Македонија, нејзината екселенција, Марија Петровиќ.
На средбата двајцата градоначалници ја потпишаа Повелбата за пријателство и соработка меѓу Гостивар и Улцињ.
Целта на Повелбата е постигнување заеднички интереси и заедничка промоција во сите области, како и развој и унапредување на заедничките пријателски односи.
Повелбата опфаќа соработка во областа на претприемништвото и економскиот развој, подобрување на туризмот преку соработка, соработка во областа на културата, образованието и спортот.
Инаку, оваа соработка со Улцињ е посебна бидејќи се оствари денеска во 23 декември, кога го се обележува Денот на општината.