Градоначалникот Арбен Таравари изврши увид во работите во новата градинка

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари заедно со неговиот тим денеска изврши увид во работите во новата градинка во која ќе се згрижуваат 100 гостиварски дечиња во рамки на градинката „Цветови“.

„Денеска бев на посета за да одблиску ги видам завршните работи во новата градинка во Гостивар и наскоро се очекува нејзино отворање. Ова е 5-та градинка што ја отвораме откако сме на чело на општина Гостивар и задоволни сме што го надминавме ветувањето за отворање на 4 градинки“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Зголемувањето на капацитетите во постоечките градинки како и зголемувањето на бројот градинките останува мисија на општина Гостивар да им олесни на родителите, особено на младите мајки.

Инаку, Секторот за образование при општина Гостивар, аплицираше и го доби овој проект од Министерството за труд и социјална политика во рамките на програмата „Проект за подобрување на социјалните услуги“, финансиран од Светска банка.