Градоначалникот Арбен Таравари го честита 1 јуни, Меѓународниот ден на детето

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска по повод Меѓународниот ден на детето, кој се совпаѓа и со 55-годишнината од основањето на градинката „Детска радост“, ја посети детската претстава.

Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека општина Гостивар во овие 6 години инвестирала во инфраструктурата на градските и селските градинки за децата да растат на вистински начин и во иднина да бидат професионалци кои ќе го градат нашето општество.

„Среќен меѓународен ден на детето. Ние како општина инвестиравме и се трудиме максимално да ја изградиме инфраструктурата во градинките. Во ове 6 години ги подобривме условите во градинки за децата да растат на вистински начин и во иднината да станат професионалци кои сакаат да го градат нашето општество“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Градоначалникот Арбен Тараварим на Меѓународниот ден на детето ја посети и изложбата на деца со посебни потреби „Златите раце“.