Градоначалникот Арбен Таравари ја прими на средба швајцарската амбасадорка, Вероник Хулман

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ја пречека амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, нејзината екселенција, Вероник Хулман.

На средбата заеднички беше ценета досегашната соработка, додека градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари му се заблагодари на амбасадорката за финансиската помош што Швајцарија му ја дава на градот Гостивар.

Општина Гостивар реализираше десетици проекти во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, а на средбата страните се договорија за нови проекти корисни за граѓаните на државата.