Се одржа првата седница на Локалниот совет за превенција во Гостивар

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и претседавачот на Советот на општината, Валбон Лимани, на 16.06.2023 година ја одржаа првата седница на Локалниот совет за превенција.

На седницата заедно со општинските и централните институции се разговараше за сообраќајот за време на престојот на иселниците во татковината, како и за заштита од пожари во текот на летниот период.

Инаку, оваа година Локалниот совет за превенција доаѓа преку проектот „Со локални совети за превенција кон подобра соработка“, кој како пилот проект го спроведува Евротинк-Центарот за европска стратегија, спонзориран од Амбасадата на САД во Скопје.