Советот на општина Гостивар го продолжуи работното време за угостителските објекти

 

Со предлог на претседавачот на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска на седница на Советот на општината беше изгласано да се продолжи работното време за угостителските објекти во текот на летната сезона.

Одлуката ја поддржаа сите советници од сите политички партии.

Според одлуката, работното време за хотелски капацитети се продолжува за два часа и важи во текот на летната сезона, поточно од 10 јули до 25 август.