Општина Гостивар отвора Канцеларија за иселеници

 

Поради големиот флукс на иселеници, од денеска (10.07.2023) започна со работа Канцеларијата за иселеници во општина Гостивар.

Оваа канцеларија се наоѓа во просториите на Центарот за општински услуги на приземје во зградата на општина Гостивар и ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, секој работен ден, додека во сабота од 10:00 часот до 14:00 часот.

Отворањето на оваа канцеларија е направено со цел да се олеснат административните процедури во општината.

На нашите иселеници им посакуваме добредојде и пријатен престој во нивната татковина.