За шест години владеење двојно е зголемен бројот на деца сместени во градинки во Гостивар

,

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари вчера ја посети едена од градинките во градот Гостивар и на вработените и на децата им посака среќна учебна година.

Градоначалникот Таравари истакна дека оваа градинка за време на летниот распуст имаше големи промени, почнувајќи со поставување на енергетски ефикасна надворешна фасада, новоуредени училници, новоуредени училници, реновирани тоалети, додека инвестицијата е над 4 милиони денари.

Благодарение на постојаните инвестиции, од 450 деца во 2017 година, денес има 850 деца сместени во градинките, а многу наскоро уште 100 деца ќе бидат сместени во новата градинка во Гостивар.

Општина Гостивар континуирано инвестира во предучилишна и училишна инфраструктура бидејќи инвестициите во образованието се инвестиции за иднината.