Продолжуваат работите на патот Горна Бањица – Долна Бањица

Работите на изградбата на патот Горна Бањница – Долна Бањица продолжуваат од двете страни во должина од 1230 метри.

Изградбата на патот е планирана по највисоки стандарди, каде покрај тампонирање и подготовки за асфалтирање, се изведуваат и одводни канали.

Проектот за изградба на овој пат го решава долгогодишниот проблем на овие две села со создавање модерна патна инфраструктура.

Овој проект е дел од Меморандумот за разбирање помеѓу општина Гостивар и Министерството за транспорт и врски, како дел од проектот на Светска банка „Проекти за локална врска“