Завршиа работите во ООУ „Форинo“, Лимани им се заблагодарува на жителите за придонесот

,

Општина Гостивар во соработка со Канцеларијата за капитални инвестиции при Министерството за образование и наука ги заврши работите што се изведуваат во ООУ „Форино“.

Инвестициите во предучилишното и училишното образование остануваат приоритет на општина Гостивар бидејќи инвестициите во образованието се инвестиции во иднината.

Завршените работи на овој проект се фасадата на училиштето, нови прозорци и нова училишна опрема.

Во промоцијата на овие инвестиции присуствуваше и раководителката на Секторот за образование при општина Гостивар, Аслиан Снопче, како и претседавачот на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани, кој им се заблагодари на жителите на с. Форино кој исто така помогна во реализацијата на овие проекти. Претседателот на Советот, Валбон Лимани, подвлече дека општина Гостивар продолжува да го финансира училишното списание „Ученик“.