Почнува изградбата на патот Здуње – Дебрешe

Започнаa мерењата и подготвителните работи на вториот дел од патот Здуње-Дебреш, во делот на Здуње, каде што е предвидено асфалтирање во должина од 1300 метри.

Покрај асфалтирањето на патот, вториот сегмент опфаќа и изградба на канализација во село Здуње.

Првиот дел ги опфати работите за целосна реконструкција на патот Дебреш – Здуње, од кај село Дебреше.

Целосната функционализација според стандардите на овој пат значително ќе го олесни сообраќајот на влезните сообраќајници во градот.