Општина Гостивар организираше јавна дебата за Предлог-буџетот за 2024 година

Во просториите на Советот на општина Гостивар денеска беше организирана првата јавна дебата за Предлог-буџетот за 2024 година, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Јавната дебата се одвиваше во присуство на граѓани, граѓански сектор, месни заедници од селата, здруженија на млади, спортски клубови и сите други заинтересирани кои придонесуваат со своите идеи за составување на следниот буџет за општина Гостивар.

Од Секторот за финансии при општина Гостивар истакнаа дека буџетот за следната година се зголемува за 10 отсто поради високата реализација на годинешниот буџет кој е при крај.

По минувањето на сите филтри, Предлог-буџетот за 2024 година ќе биде ставен на гласање пред општинските советници на следната седница.