Гостиварските општински училишта, подготвени за второто полугодие

,

19.01.2018

Сите општински основни и средни училишта, почетокот на второто полугодие го чекаат подготвени. Во сите училиште направено е генерално чистење, а во некои училишта извршени се и неопходни интервенции.

“Училиштата се исчистени и интервенирано е зависно од потребите, а исто така снабдени се и со гориво . Значи можеме да кажеме дека подготвено го очекуваме почетокот на второто полугодие. Од друга страна, направен е изборот на наставници според објавените конкурси, при што сме се обиделе да задржиме континуитет на наставниот кадар и да го деполитизираме образованието до што повисок степен. Изборот на кадри го направија самите колективи и училишните одбори, а ние како општина се залагавме да помогнеме во тој процес. Евидентно е дека има и некои пропусти, но се надеваме дека тие ќе бидат што помалубројни во иднина”, вели раководителката на Скетрот за образование при Општина Гостивар, Аслиан Снопче.

Инаку, денеска се одржа средба со директорите и помдиректорите на општинските основни и средни училишта, при што ги добија неопходните упатства за работа и ги изложија потребите за што подобар напредок во образовниот процес.

Служба за информирање