Градоначалникот Таравари го прими балканскиот шампион во карате Берат Јакупи

26.03.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го прими во неговиот кабинет каратистот Берат Јакупи по последниот успех постигнат на Балканското првенство во Истанбул, од каде се врати со златен медал.

“Сите времиња имаат свои херои. Во последниве години, симбол и амбасадор на Гостивар во Балканот и во Европа, но и во светот, го носи името Берат Јакупи. Пред мене ги имам медалите на Берат и овој факт, како гостиварец, ме прави многу горд со овој успех “, истакна Таравари.

Јакупи му се заблагодари на градоначалникот Таравари за топлото гостопримство и неговиот интерес за унапредување на спортот во Гостивар.

“Мојот сон не завршува тука. Освоените медали ми го отворатпатот за учество на Олимписките игри во Токио 2020 година. Се надевам дека на Европското првенство ќе се накитам со медал и постепено и на Светското првенство кон крајот на оваа година да бидам тука некаде. И ако ги постигнам овие резултати, нашиот сон че стане реалност, Гостивар да има претставници на Олимписките игри”, истакна оптимистички Јакупи.

Инаку, Берат Јакупи досега е накитен со многу медали, при што особено вреди да се истакне златниот медал во категоријата + 78кг на европското првенство за У-21 во Лисабон, Португалија. Тој се смета за еден од најуспешните каратисти на сите времиња во Македонија.

Служба за информирање