Аслиан Снoпче: Ученичките екскурзии ќе се реализираат според планот
30.04.2018
Раководителката на Секторот за образование при Општина Гостивар, Аслан Снопче, ги информираше денеска новинарите дека сите училишни екскурзии ќе се реализираат според предвидениот план и дека учениците и родителите не треба воопшто да се грижат. за тоа.
„Би сакала да ја запознаам јавноста, а особено учениците и нивните родители дека ученичките екскурзии ќе се реализираат согласно предвидениот план на МОН и дека ние како општина ниту сакаме ниту можеме да интервенираме тука, во ситуација кога ни се одземени надлежности во образованието”, информираше г-ѓа Снопче.
Таа објасни дека шпекулациите за наводно неспроведување на екскурзиите се појавиле по поднесување на жалба од страна на една туристичка агенција за во гостиварската гимназија и дека постапката ќе продолжи преку судски пат и дека нема да биде поврзана со реализацијата на екскурзии.
“Кога станува збор за интересот на учениците, Општина Гостивар никогаш нема да прави проблеми и ниедено наше дејствие нема и ќе нема политичка заднина.
Служба за информирање